Изгубени клучевите од вратите на олимпискиот Вембли

Членовите на обезбедувањето на стадионот ги изгубиле комплет сите клучеви кои отвараат многу врати од тој објект. Нема причина за грижа, веднаш ги преземавме сите неопходни мерки – се наведува во соопштението од Скотланд Јард.

Членови на полициското обезбедување на лондонскиот стадион “Вембли“ ги изгубиле комплет сите клучеви кои отвараат многу врати од тој објект, ама за тоа изгледа не се загрижени организаторите на Олимписките Игри и Скотланд Јард.

-Точно е, тоа се случи уште предходната недела, точно на 24 јули. Полицајците на стадионот пријавиле исчезнување на клучевите кои се користат за интерна употреба. Полицијата спроведе истрага, но не успеа да ги најде. Сепак нема причина за грижа, бидејќи веднаш се преземени сите неопходни мерки – се наведува во соопштението од Скотланд Јард.

Лондонскиот “Вембли“ на 11 август ќе биде домаќин на финалниот меч, на фудбалскиот олимписки турнир во фудбал за мажи. Два дена пред тоа на истото место се игра женското финале.

Пронајдете не на следниве мрежи: