Скандал во Рим: Kалуѓерка сексуално злоставувала девојче цели 14 години!

Италијанската полиција уапси калуѓерка од црковното училиште во Буста Арсиција затоа што 14 години сексуално злоставувала една од ученичките. Злоставувањето започнало кога девојчето имало 12 години, а траело до 2011 година, кога истото пораснало во 26-годишна девојка. 

Откако девојката се обесила, полицијата покренала истрага и ги нашла нејзините дневници, кои воделе до злобните дела на калуѓерката. Во нив таа ги опишувала своите застрашувачки искуства, а најдени се дури и неколку фотографии. Овие информации довеле до заклучок дека малтретирањето од страна на калуѓерката довело до самоубиството. 

Пронајдете не на следниве мрежи: