Светилиштето на Инките претворено во туристичка атракција!

Перу минатиот викенд отвори нова туристичка атракција каде може да се види местото кое претставувало светилиште каде Инките се состанувале пред носењето на големите одлуки. 

Светилиштето познато како Пачакамак се состои од низа пирамиди со рампи и палати. На археолозите им биле потребни 2 години да го подготват патот за туристите, кој води до висина од 1.250 метри.

Светилиштето се простира на 1.235 ари земјиште и во неговата околина се наоѓало население кое живеело од 200 година пред нашата ера до 1533 година, кога овде пристигнале Шпанците. Археолозите пронашле голема гробница користена за масовно закопување на кучиња, и во неа погребни подароци од типот на накит и садови кои содржеле некаква течност. 

Пронајдете не на следниве мрежи: