Колдплеј најавија нов албум – ништо од паузата!

Групата Колдплеј започна да работи на наследникот на извонредно успешниот албум “Myloto Xyloto” на чија промотивна турнеја бендот дојдоа да го гледаат преку 3 милиони луѓе, а на еден од последните концерти пејачот Крис Мартин најави пауза.

“Кога го кажав тоа мислев само на Австралија. Таму нема да можеме да отидеме во наредните 3 години. Немаме никаква пауза во план, јас веќе започнав да пишувам песни за новиот албум и ни малку не се плашам за иднината на бендот.” – изјавил Мартин. 

Покрај тоа, Мартин вели дека “Myloto Xyloto” е најдобрата турнеја на која до сега бил. 

“Турнејата бараше многу од нас на секаков план, поради квалитетот на нашата музика, поради LED нараквиците, пиротехниката, ласерите и се останато, но најмногу поради одличната публика која стана важен елемент на нашите концерти. Луѓето се гласни, разнолики, полни со душа и прават песните да звучат многу подобро кога пеат заедно со нас. Сакавме да го задржиме тоа чувство, и поради тоа излезе концертниот филм.”

Концертниот филм “Coldplay Live 2012” веќе почна да се проектира во светските кино-сали. 

Пронајдете не на следниве мрежи: