Некои луѓе имаат две лица- БУКВАЛНО!

Едвард Мурдок е роден како римскиот бог Јанус со две лица. Едното е од предната страна, а другото од задната страна на главата и цело време ѓаволски се смешка…

 

Освен него, личности со две лице се и Кинезот Чанг Цу Пинг и Мексиканецот Паскал Пинјон кој поради своето второ лице стана цирскуска ѕвезда.

 

Многу често за некои луѓе имаме обичај да кажеме дека имаат две лица, но сигурно на никој од нас не ни паднало на памет дека низ историјата навистина имало личности кои буквално имале две лица.

 

 

Едвард Мурдок, кој живеел во 19 век е роден со две лица на двете страни од черепот. Морничавиот дел е тоа што додека едното лице воопшто не се зборело, другото единствено што правело е гласно се смеело.

Како дете од богато семејство, тој можел да си дозволи операција, но медицината не била толку многу напредна, па затоа Мурдок после многу залудни обиди на крајот остана со своето ѓаволско лице. Лекарите не имале објаснување за оваа дволичност, бидејќи како што сметале тие, во прашање е скриен близнак кој не успеал да порасне во посебен ембрион, па затоа му избил на задниот дел од главата. Исто така на лекарите им било многу чудно тоа што задник лик единственото нешто што го правел е гласно да се смее.

После долгогодишно мачење, Мурдок не можел повеќе да го издржи присуството на ''другиот'', и затоа на само 23 годишна возраст се самоубил.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Покрај Мурдок, личности кои се родени со две лица се и Чанг Цу Пинг и Паскал Пинјон. 

Цу Пинг, за разлика од Мурдок, имал две лица на истата страна од главата.Второто лице на Чанг се формирало од неговата десна страна, од каде се развиле само заби, усни и дел од јазикот. Кога Чанг би отворил уста, автоматски се отворала и другата уста од десната страна која Чанг не можел да ја контролира. За среќа, со операција беше успешно отстранет неговиот втор лик, а докторите успеаа да му ја оспособат кожата најмногу што можеа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Третиот случај е Паскал Пинјон, кој исто како и Мурдок живеел во 19 век и бил познат како Двоглавиот Мексиканец. Меѓутоа овој случај е измама. Пинјон бил роден со огромен израсток на средина на својата глава, поради што тој успеал да се вработи како циркуска атракција. Меѓутоа, израстокот не бил лик, туку сопственикот на циркусот го доцртал со цел да биде поголема атракцијата. Откако се му се смачило на Паскал, тој со помош на операција го отстранил туморот со кој бил роден.

Пронајдете не на следниве мрежи: