Ериксен се сели во Тотенхем?

Иако за услугите на Ериксен се заинтересирани Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, па и Ливерпул, сепак се чини дека Тотенхем е во предност за ангажман на фудбалерот на Ајакс.

Тотенхем сериозно се распрашува за ѕвездата на Ајакс, Кристиан Ериксен, а англиските медиуми пренесуваат дека Вилаш Боаш е сериозен во намерата да го доведе во својот тим овој фудбалер.

Според неофицијалните информации, Тотенхем би сакал да го доведе Ериксен во своите редови уште во јануарскиот преоден трансфер-период, но Ајакс сака да го задржи до крајот на сезоната.

Пронајдете не на следниве мрежи: