четврток, 12 ноември 2026
Најново

Венгер спрема понуда за Лампард

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Играчот од средниот ред на екипата на Челзи му истекува договорот и доколку не потпише нов договор со овој тим ќе биде слободен играч во летниот преоден рок.

Лампард ја помина речиси целата своја фудбалска кариера во Челзи откако дојде од Вест Хем.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Меѓутоа, веќе некое време се зборува за иднината на Френк Лампард на „Стемфорд Бриџ“, со оглед на политиката на клубот да на играчи постари од 30 години да не им нуди договор повеќе од година дена.

Според известувањата на англиските медиуми, се шпекулираше дека искусниот играч од средниот ред би можел да се пресели во Лос Анџелес Галакси, па дури и имаше шпекулации дека би можел да се пресели во кинескиот прволигаш Гиџо Рен.

Сепак, низ англиските медиуми излегува веста дека Лампард би можел да премине во тимот на Арсенал. Арсен Венгер, тренерот на Арсенал, е под голем притисок да направи солидни промени во тимот, се вели дека французинот сака тимот да го засили со искусен играч кој ќе биде од голема помош за младите фудбалери на Арсенал.

Поврзани вести