Потроши 130.000 евра на шампањ за својот роденден

 

Холивудскиот актер Леонардо ДиКаприо неодамна го прослави својот 38 роденден. Ова е првпат после неколку година ДиКаприо да го слави својот роденден сингл.

Како што знаеме, тој неодамна ја раскина врската со 23 годишната манекенка на Викторија Сикрет Ерин Хетертон.

Па знаејќи дека овој плејбој ќе сака да ужива на својот роденден, веќе се претпоставуваше дека ќе направи нешто интересно.

На прославата на Леонардо се појавија Роберт ДеНиро, Бијонсе, Џеј Зи, Камерон Дијаз и многу други личности од А класата. Друштвото беше почастено со скапа и ексклузивна храна, а наздравуваа со шампањ, и тоа не било каков. 

На крај од вечерта, сметката само за шампањот Armand de Briganc изнесувала неверојатни 130.000 евра. 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: