Фергусон открива кого посакува за свој наследник

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон(70) отворено рече кого би сакал да го види на своето место кога еден ден ќе си замине.

„Жозе Мурињо може да биде менаџер во било кој клуб. Никогаш не мислев дека некој би можел да биде толку успешен менаџер, без притоа да има играно фудбал на највисоко ниво. Но, неговиот силен карактер го надоместува тој недостаток“, рече Фергусон.
„По неговата прва конференција за новинарите во Челзи помислив: Господе, овој гад е вообразен! Им зборуваше на своите фудбалери дека е посебен(The Special One) и дека под негово водство натпреварите не се губат. По ѓаволите!. Доаѓа во Англија со таков став и мисли дека е посебен…Но, тоа сето доведе неговите фудбалери добијат чувство на непобедливост и на крајот да ја освојат титулата“, вели Фергусон кој денеска има одличен однос со португалскиот стручњак.
„Секој пат кога ќе дојде кај мене во канцеларија знае да прифати шега на сопствена сметка. Многу го зафркавам и тоа не му пречи, туку се смее заедно со мене. Не му пречи што го критикуваат, единствено што го интересира е резултатот на неговата екипа на крајот на сезоната“, заклучува популарниот Ферги.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: