4 совети за убава врска

Loading...

На многумина понекогаш им е тешко да го најдат лекот за совршена врска. Нема некоја многу голема филозофија,само следете го своето срце и прочитајте по некој од овие совети кои не може да направат ништо лошо за вас. Баш напротив…

 

1. Најдете време за партнерот

Морате да најдете време за својот партнер и тоа да го ставите како приоритет. Тие моменти мораат да бидат поважни од работата, парите, а понекогаш и другарите/ките.

 

2. Поделете некои од тајните со партнерот
Сите имаат тајни, но кога некои од нив ќе поделите со партнерот тогаш вие делите и посебно заедничко чувство на кажаното. Семејството и другарите за некои работи не мора да знаат.

3. Организирајте ги вечерните излегувања

Без разлика дали се работи за вечера за двајца или излегувате на кафе со другарите, излегувањата се многу битни дури и ако сте долго во врска со истата личност.

 

 4. Зачинете го љубовниот живот
Ако сексот во врската стане монотон и тоа ви смета пробајте и тој дел да го „организирате“ и потрудете се секс да практикувате 2 пати неделно. Така можете да ја спасите вашата врска. Со самата помисла пр. утре вечер ќе имате секс, другите денови се исполнети со некој вид на предигра.

loading...