5 шокантно валкани предмети

Возрасен човек во минута просечно допира околу 30 предмети, а тоа вклучува и површини како прекинувачи, кваки, тастатури и далечински управувачи. Сите се трудиме просторот во кој живееме да го одржуваме чист, но што кога ќе ја напуштиме сигурноста на нашиот дом и одиме на доктор или во шопинг?

 

1. Мени за храна во ресторан

Дали некогаш сте чуле некој да измие раце затоа што држел мени за храна? Можеби е време вие да почнете да го правите тоа, затоа што тоа мени го држат стотици луѓе секој ден, а сите тие имаат различни хигиенски навики. 

Со оглед на тоа што вирусите на некои површини можат да живеат и до 18 часа, сетете се на овие информации наредниот пат кога ќе нарачувате храна во ресторан. 

 

2. Украсно овошје

Истражувањата покажаа дека парчињата лимон или портокал кои се користат како украси на чашите на пијалоците во ноќните клубови се вистински рај за бактериите и микробите. 

На примероците на чаши украсени со лимон или портокал се пронајдени повеќе од 25 различни микроорганизми, меѓу кои и опасната бактерија Escherichia Coli. Следниот пат кога ќе нарачувате пијалок, сетете се на овие информации и побарајте пијалок без украсно овошје. 

 

3. Кваките на вратите од тоалетите

Иако мнозинството од луѓето се држат до хигиената на миење на раце по користење на тоалетот, постојат и такви кои сетаат дека тоа не е неопходно. Токму поради тоа, не ги допирајте кваките од вратите од тоалетите откако ќе ги измиете рацете, туку подобро земете парче тоалетна хартија и послужете се со тоа за да ја отворите вратата. 

 

4. Сад за сапун

Без оглед на вашата намера да ги измиете рацете по користењето на тоалетот, пред да дојдете во допир со сапунот морате да го допрете и садот за истиот. 

Истражувањата покажале дека на садовите за сапун се наоѓаат фекални бактерии. Исто така, ваквите садови не се одржуваат редовно и секогаш се влажни, па затоа се идеално место за создавање на бактерии. 

 

5. Корпа и количка за купување

Рачките од количките и корпите за купување за вистински рај за заразни болести. На наведените места се пронајдени секакви бактерии и вируси, а нивниот број бил поголем од оној на пронајдени опасности во тоалет на ресторан. 

Секогаш во автомобилот имајте влажни марамчиња, кои добро ќе ви дојдат во вакви ситуации. Исто така, избегнувајте храна која се нуди како примерок за дегустација во маркетите. 

Пронајдете не на следниве мрежи: