Пукна „љубовта“ меѓу Перез и Мурињо

Дефинитивно се скинаа врските меѓу Мурињо и претседателот на Реал Флорентино Перез, пишува шпанска „Марка”. Мурињо и Перез, според информациите на „Марка”, договориле раскинување на соработката на крајот на сезоната.

Наводно, обете страни сметаат дека ерата на Португалецот на клупата на Реал Мадрид е потрошена и дека нема смисол да останува на клупата на „кралскиот клуб” по 30 јуни 2013 година.

Мурињо верува дека Перез направил голема грешка со некои изјави и ставови во случаите на неговиот конфликт со Серхио Рамос, со тренерот на Б тимот Торило, со навивачите…

Наскоро се очекуваат изјави на директните актери, по што приказната би можело да биде потврдена или демантирана.

Наводно Перез и Мурињо оваа недела ќе се сретнат „очи в очи”. По тој состанок многу работи ќе бидат појасни.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: