Потпетици кои ја скротија Моника Белучи

Иако се сметаат за најнеудобни потпетици, сепак овие чевли нема никогаш да ја изгубат својата популарност. 

За тоа е свесен и кралот на црвениот ѓон, Christian Louboutin чии чевли колку и да се неудобни и нескротиливи, тие секогаш ќе најдат свој сопственик…А свој сопственик си најдоа и овие интересни, црни сандали со висока платформа, бројни ременчиња и вртоглаво висока потпетица. Моника Белучи токму овој тренди избор го направила за конференцијата за новинари, по повод нејзиниот најнов филм ''Rhino Season'' во склоп на Филмскиот фестивал во Маракеш. 

 

Црните панталони кои ги избра Белучи ги искомбинира со високите потпетици, класично сако, блуза и торбица со животински принтови. 

Иако во текот на позирањето преубавата актерка изгледала беспрекорно, сепак со овие потпетици таа никако не можела да се движи. Имено проблемите започнале со излегувањето од автомобилот, при што 48 годишната Италијанка морала да побара помош.

Пронајдете не на следниве мрежи: