Бенитез „СЕ ПОПИШМАНИ“, Лампард и Кол ќе останат во Челзи?

Тренерот на англискиот премиерлигаш Челзи, шпанецот Рафа Бенитез, изјави дека дошло до големо недоразбирање и дека тој не е човекот кој одлучува околу тоа дали Лампард и Кол би останел во клубот, туку челниците на клубот.

Договорот на двајцата англиски репрезентативци истекува наредното лето и веднаш по доаѓањето во Челзи, Рафа Бенитез потврди дека Лампард и Кол ќе го напуштат Челзи.

Сепак, дека на Бенитез „НЕ МУ ОДИ ОД РАКА“ во Челзи, говори и фактот што ги менува своите ставови премногу брзо, а оди до таму и што вели дека „сето тоа било недоразбирање“.

Бенитез вели дека медиумите погрешно ја интерпретирале неговата изјава и дека тој не е човек кој одлучува околу судбината на двајцата фудбалери.

„Можно е да дошло до недоразбирање кога последниот пат говорев околу таа тема, или мојот англиски е многу лош па сето тоа влијаело да не бидам разбран“ изјави Бенитез, притоа надополнувајќи…

„Колку што јас знам нивниот договор им истекува наредното лето, но јас не сум тој кој може да каже дали остануваат или си одат, во овој момент јас тоа не го знам, но челниците на клубот би можеле да ви кажат околу таа тема многу повеќе од мене“ изјави Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: