Фудбалери до смрт претепале фудбалски судија од Холандија!

Тешка трагедија се случила на кадетски натпревар во Холандија. Линискиот судија Ричард Нивенхуизен (41) починал откако бил претепан од неколку фудбалери.

Тројца фудбалери на 15, односно 16 годишна возраст се уапсени во неделата навечер под сомнение дека истиот ден го претепале судијата непосредно пред крајот на натпреварот меѓу нивниот клуб Ниуве Слотен од Амстердам и Буитенбојс од Алмиер. 

Холандските медиуми наведуваат дека несреќниот судија бил навредуван во текот на целиот меч, за конечно на крајот на мечот да добие неколку удари во главата. 

Судијата заминал дома, но во текот на вечерта бил пренесен во болница затоа што не се чувствувал добро. Полицијата истата вечер ги уапсила тројцата насилни тинејџери во нивните домови во Амстердам, а исто така биле и исфрлени од клубот, којшто се повлекол од сите натпреварувања за оваа сезона. 

Полицијата подоцна потврдила дека судијата починал, а пред објавата реагирала и холандската Министерка за Спорт, Едит Шиперс. 

“Застрашувачко е кога ќе помислам што се може да се случи на холандските спортски борбени арени. Тоа веќе не е спорт.” – рекла министерката. 

Со изјава излегла и холандската фудбалска федерација (KNVB). 

“Што да се направи на луѓето кои во секој момент можат да излезат од контрола на фудбалските терени, затоа што не им се допаѓа нечија одлука? Статистиките покажуваат дека најногу инциденти меѓу младите фудбалери се случуваат во овие старосни групи. Очигледно е дека се во тешки години, па тогаш овие фудбалери знаат да бидат крајно безобзирни.” – стои во соопштението кое е објавено пред смртта на несреќниот судија. 

Пронајдете не на следниве мрежи: