Меси: Селтик заслужува да влезе во вториот круг заради навивачите

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси порача дека би му било драго Селтик да помине во вториот круг на Лигата на шампионите заради фантастичните навивачи на шкотскиот клуб.

Барселона во пресрет на последното коло го обезбеди првото место во групата Г, а за второто се борат Селтик и Бенфика. Обата клуба во моментот имаат по седум бодови, иако Бенфика е подобра во меѓусебните дуели. Селтик е сепак во подобра ситуација бидејќи во среда на домашен терен го дочекува московски Спартак. Истовремено, Португалците ќе мораат да ја победат Барселона на Камп Ноу.
Меси во среда треба да биде во составот на Каталонците, а со оглед дека го лови рекордот на Герд Милер од 85 голови во една календарска година, би требало да биде мотивиран, што од друга страна, му одговара на Селтик.
„Морам да признаам дека не ни се допаѓа фудбалскиот стил со кој Селтик играше против нас, но неговите навивачи заслужуваат пласман во осмина финалето. Без нив ова натпреварување ќе беше многу потивко“, рече Меси.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: