Со недели носел добитно лото ливче во својот паричник

Вејд Хаскет сакал нов кров и освежување на подот за својот дом – не знаел дека потребните пари ги имал во својот паричник со недели. 

Според весникот Henderson Times, Хаскет не го проверил својот паричник со недели, откако го купил добитното лото ливче на 6-ти ноември, се додека неговата сопруга не видела на локалните вести дека едно добитно лото ливче од нивната околина не било пријавено. Тогаш Хаскет сфатил дека е за 118.182 долари побогат. 

“Знам дека не е којзнае колку голем број, но во секој случај е повеќе од тоа што го имав.” – вели Хаскет. 

Претставник од лотаријата вели дека ова не е ретка појава – “Многу често луѓето не ги проверуваат своите ливчиња, па каснат со подигнувањето на добивката.”

Пронајдете не на следниве мрежи: