Mанекенката Нина Мориќ го отрула својот сопруг

Loading...

Нина Мориќ го повикала на вечера сеуште законскиот сопруг Фабрицио Корона за да со него го прослави вселувањето во својот нов стан во Милано.

 

Му подготвила егзотична италијанска храна, а три часа подоцна италијанскиот „крал на папараците“ се валкал на под од болки во стомакот и едвај стигнал до тоалет, каде што го поминал многу време, пишуваат хрватските весници.

 

Нина успеала дури неодамна после 12 години живеење под наем, конечно да собере доволно пари за да си купи стан. Била толку среќна, што сакала вселувањето да го прослави на интимна вечера со Фабрицио. Меѓутоа, откако Фабрицио некако се извлекол од тоалетот, морал итно да оди во болница на преглед.

Манекенката неодамна присуствувала на судењето на Фабрицио поради давање мито, и многу се израдувала кога слушнала дека нема да оди во затвор, затоа што ќе може повеќе да му се посвети на нивниот 10-годишен син Карлос.

loading...