Јоветиќ: Рано е за титула

Црногорецот смета дека „Скудетото“ е далеку оваа сезона, но пласманот во Лигата на Шампионите е веќе друга приказна.

Стеван Јоветиќ е повреден, Монтела нема да ризикува се додека не се рехабилитира целосно од повредата, а Црногорецот вели дека Фиорентина ќе се бори за висок пласман.

„Можам да им ветам на навивачите дека ќе направиме се што можеме за да стигнеме до Лигата на Шампионите, иако тоа нема да биде лесно, има премногу конкуренти. Што се однесува до титулата, рано е да се зборува за тоа“ изјави Јоветиќ.

„Веќе сме екипа, тоа се гледа и на теренот, силна екипа, и тоа мора да се каже. Се гледа и тренерската рака на Монтела“ беше коментарот на Јоветиќ во однос на тоа што се променило во Фиорентина.

Пронајдете не на следниве мрежи: