На Бенитез не му е потребен Лукаку

Без оглед на тоа што неговиот клуб има проблеми со ефикасноста, новиот тренер на Челзи не ни размислува да го врати од позајмица Лукаку Ромел, младиот Белгијанец кој во моментов настапува за тимот на ВБА.

Челзи постигна само еден погодок на последните три натпревари, Фернандо Торес повторно е во очајна форма со само еден гол на 11 натпревари.

Со оглед на тоа дека Челзи имаат премногу проблеми во напаѓачката линија, се погласни се оние кои го советуваат Рафа да го врати од позајмицата во ВБА, 19-годишниот Белгијанец Лукаку кој во дресот на ВБА постигна пет голови оваа сезона, од кои два на последните три натпревари.

„За него е најдобро да остане во ВБА, тоа ќе биде многу подобро за неговиот напредок и развој“ изјави Рафа Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: