Интер подготвува понуда за Лулиќ?

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Лацио е прва мета на Интер во јануарскиот преоден трансфер-период.

Сенад Лулиќ, босанскиот интернационалец привлекува големо внимание во италијанската јавност.

Овој фудбалер на Лацио се истакна со добрите игри во дресот на својот тим, па на себе привлече големо внимание кај големите клубови во Серија „А“.

Не е само Интер, во прашање се и други големи европски клубови кои се сериозно заинтересирани за услугите на босанскиот интернационалец.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, се шпекулира дека Интер во јануарскиот преоден трансфер-период ќе испрати понуда од околу 8 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: