Претседателот на Ферари: Разочаран сум од Шумахер!

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеземоло, призна дека е разочаран со постапката на седмократниот шампион во светското првенство во Формула 1, Михаел Шумахер, кој за Големата Награда на Бразил, без право на борба го пропушти Себастијан Фетел да го престигне.

Шумахер петте од седумте титули во Формула 1 ги освои возејќи за Ферари, па во италијанската екипа веројатно очекуваа дека неговото срце во завршницата на трката на сезоната ќе биде на страната на Фернандо Алонсо.

Ферарито на Алонсо во Сао Паоло се бореше за титулата против Ред Бул, против германецот Себастијан Фетел,, кој уште во првиот круг падна на последното место.

Шумахер не криеше дека е воодушевен од сонародникот што трети пат стана светски првак, но тоа не им се допадна од Ферари.

„Разочаран сум од Шумахер, очекував поинаков пристап во ова од него, сепак се работи за возач кој со Ферари ги проживеа најчудесните моменти во кариерата и со кои се чувствуваме премногу блиски“ изјави Ди Монтеземоло.

Пронајдете не на следниве мрежи: