Дневен хороскоп – 05.12.2012

 

Дневен хороскоп за 05.12.2012 – среда.

 

Овен

Генерално се чувствувате добро, но можни се повреди од различен вид, па затоа внимавајте на себе. Доколку се појави внатрешно незадоволство, потсетете се дека многу работи ги правите од субјективна природа, кои најчесто се рефлектираат на здравјето. Побарајте утеха во некој што е роден во знакот на Водолија.

Бик
Вие умеете со пријателите, па затоа денот ќе го поминете во разговор со нив. Внимавајте само да не кажете некоја тајна која сериозно може да му пречи на некој близок. Што се однесува до емоциите, вие навистина имате среќа во изборот на вистинскиот партнер. Лавот ви одговара најмногу.

Близнаци
Стресовите кои ги имате во љубовниот живот, ве тераат да мислите дека станува збор за крај на вашата љубовна врска. Смирете се малку и расудувајте ги работите со ладна глава. Не сте единствените кои се соочуваат со ваков вид на проблеми. За се' може да се најде решение.

Рак
Денес се чувствувате одлично. Зрачите со позитивна енергија и очекувате многу од вашите соработници. Внимавајте на кого му ја доверувате вашата интима бидејќи злобните јазици уживаат да ги кажуваат вашите исповести. Понекогаш е најдобро нешто да сочувате и за себе.

Лав
Лавовите се наоѓаат пред донесување важна одлука, која сериозно ќе повреди некого. Вие сте свесни дека мора да се одигра на тој начин, иако би сакале сите да останат задоволни. Ваша карма е да бидете доминантни и строги, затоа не двоумете се многу, туку подвлечете ја линијата конечно.

Девица
Во моментов е потребно да вложите повеќе енергија од планираното. Ве има насекаде, бидејќи сите имаат потреба за вашето присуство или добар совет. Иако, до одредена граница тоа ве импонира, сепак чувствувате напнатост и замор. Здравјето може да биде изложено на промени доколку продолжите со ова темпо.

Терезија
Денот ќе го поминете во опкружување на оние кои особено ви се драги. Тука е вклучено семејството, вашите пријатели и секако она без кое не можете да функционирате, вашиот партнер. Како и да ги поставите работите, вас едноставно луѓето ве сакаат на овој или на оној начин.

Скорпија
Со партнерот сте во конфликт кој може да ја разниша љубовната идила. Морате малку да попуштите, бидејќи инаетот и емоциите не одат заедно. Сите живи луѓе грешат, а вие сметате дека сте изземени од тој круг. Кога повеќе би слушале, а помалку дејствувате би биле во состојба да спречите многу нешта.

Стрелец
Благодарение на позитивниот пристап кон животот и нештата околу вас, денот ќе помине во знакот на убавите моменти. Борбата за превласт и моќ не можете да ја постигнете кога сте во друштво на Овен или Лав. Кај нив е изразена доминацијата, на вас е само да слушате и да дејствувате. 

Јарец
Емотивната страна ви е нагласена, па многумина не можат во вас да ја препознаат вашата моќна страна. Некој сериозно умее да го допре вашето срце, што ве остава во подредена позиција и не знаете како да дејствувате. Живите луѓе умеат да сакаат и да бидат повредени, вие не сте исклучок од тоа.

Водолија
За се' во животот постојат морални норми, па затоа не трудете се да ги исправате преку ноќ. Понекогаш знаете да бидете навистина тешки и напорни за околината, а понекогаш умеете да влезете под кожа. Во услови кога ви се нуди љубов вие ја одбивате. Доколку навистина ништо не чувствувате, убаво би било да кажете.

Риби
Изразена ви е желбата за доминација. Бидејќи повеќето припадници на знакот ќе ги препознаат сопствените слабости, постои голема веројатност да западнат во проблем. Доколку успеете тоа да го избегнете, ви претстојат денови кога навистина ќе бидете во центарот на внимание. Вие уживате во љубов, зар не?

 

Пронајдете не на следниве мрежи: