9 причини зошто сè уште сте сингл

Многу жени во одредени периоди од својот живот уживаат да бидат слободни и необврзани.
Но, никој не сака да остане сам цел живот. Секогаш доаѓа момент кога зборот „сингл“ ќе започне да ви асоцира на осаменост и ќе посакате да бидете дел од среќните парови што заљубено шетаат во паркот фатени рака за рака.
А кога веќе ќе решите дека е време да го сретнете мажот од вашите соништа, можно е работите да не одат така лесно како што сте си мислеле. Иако постојано добивате комплименти и забележувате дека крадете погледи, сепак може да се случи да не добиете прилика да влезете во сериозна врска.
И тогаш, сигурно ќе се запрашате: „Која е причината поради којашто сум сè уште сингл?“. Можеби подолу ќе го најдете одговорот.


Премногу сте пребирливи. Вашиот список на нешта што треба да ги поседува вашиот партнер е предолг? Си имате зацртано во главата дека сакате висок, згоден, синоок архитект, кој ќе биде екстремно внимателен, грижлив и секогаш ќе им излегува во пресрет на вашите желби? Веројатноста дека ќе го запознаете е премногу мала. А освен тоа, потрагата по вашиот идеален маж може да ви попречи да ги забележите другите згодни обожаватели што чекаат околу вас.
Секогаш излегувате на едно исто место. Ако секогаш излегувате во истото кафуле, тогаш најверојатно ги знаете сите луѓе што може да се појават таму. Излегувајте на различни места, затоа што така секогаш ќе запознавате нови и нови личности.
Ретко излегувате, обожавате да седите дома. Можеби телевизиските серии ви се интересни или пак обожавате да „висите“ на својот компјутер, но седењето дома нема да ги натера вашите обожаватели да ви тропнат на врата. Наместо онлајн контакти, остварувајте контакти очи в очи. Излегувајте со вашите пријателки барем два-три пати неделно.
Премногу ја цените вашата независност и мразите да сте врзани за некого. Некои луѓе ја обожаваат својата слобода и независност, не сакаат некој постојано да им труби над глава и сакаат да донесуваат одлуки сами, без да мора да се сообразуваат со некого. Доколку и вие спаѓате во таа категорија, веројатно затоа и избегнувате да се „врзете“. Но, тоа не значи дека не можете да се промените. Дозволете му на некој да влезе во вашиот живот, а потоа веројатно ќе ви биде и полесно секогаш до вас да има човек што може да ви помогне во донесувањето одлуки.
Сметате дека тој треба да се заљуби во вас заради карактерот, а не надворешниот изглед. Ако ја занемарите важноста на надворешниот изглед, ретко кој ќе се обиде да допре до вас и да ја види вашата внатрешна убавина. Никој не вели да бидете супермодел, но треба да ви биде важно како изгледате. Дотерувањето ќе ви ја зголеми самодовербата, а и ќе ве направи попривлечни.
Огорчени сте од последната врска. Сите имаат преживеано разделба. И да, разделбите предизвикуваат болка и огорченост, но не се доволна причина цел живот да го поминете негативно настроени кон спротивниот пол. Дајте си малку време, прежалете ја завршената врска и направете простор за нов почеток.
Премногу сте срамежливи. Срамежливоста може да ви попречува слободно да разговарате со претставниците на спротивниот пол, па вашата колоритна личност нема да може да дојде до израз. Фокусирајте се на пребродувањето на срамот, разговарајте со својот брат, пријател и колега. Тоа ќе ви помогне да бидете поопуштени во друштво на претставник на спротивниот пол.
Заљубени сте во вашата кариера. Целосната фокусираност на кариерата може да влијае негативно на вашиот социјален живот. Ако секогаш си велите дека ќе дојде време кога ќе можете повеќе да се дружите и забавувате, еден ден може да се разбудите и да сфатите дека сте се оддалечиле од своите пријатели и дека сте заборавиле како е да сте во врска. Организирајте се подобро, но не за да си обезбедите повеќе време за работа, туку да си ослободите повеќе време за излегување.
Опседнати сте со идејата да си најдете некој. Не си дозволувајте да станете опседнати со вашиот љубовен живот. Во ред е да ги држите очите отворени со цел да не го пропуштите вистинскиот, но не треба влегувањето во врска да ви биде примарна животна цел. Дружете се, забавувајте се и бидете среќни. Мажите ги привлекуваат жени полни со ведрина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.