9 брзи емоционални трикови

Кога нештата ќе тргнат наопаку или излезат надвор од контрола, мометално ја губиме емоционалната рамнотежа. Но, постојат неколку работи кои можеме да ги направиме за брзо да се вратиме во колосекИзмијте ги рацете, лицето и забите. – Покрај тоа што ќе бидете чисти, ќе ве освежи и релаксира, ќе ви даде и чувство на  „нов почеток“.
Облечете чисти чорапи и некои чевли кои не сте ги носеле неколку дена. – На чевлите им треба ден-два додека се ослободат од апсорбираната влага, па ова е лесен начин да внесете живост во вашиот чекор.
Избричете се! (брадата, нозете) – Тоа е уште едно дополнително освежување, особено ако имате чувствителна кожа. Плус, кога знаеме дека изгледаме добро, се чувствуваме многу поубаво и посамоуверено.
Погледнете во некој трофеј, диплома или сертификат што заслужено сте го добиле. – Доколку не е закачен на ѕидот, сега е време да го сторите токму тоа. Овие потсетници на вашите достигнувања ве водат во понатамошни успеси и ја одржуваат вашата самодоверба.
Знаете дека и вашите најблиски знаат кои сте и каква личност сте вие. – Тоа важи и за вашето милениче. Знаејќи дека сте безусловно сакани ви помага и прави да се чувствувате добро во својата кожа.

 
Измијте го вашиот автомобил! – Кога тркалата сјаат и ние се чувствуваме така. Доколку не сакате вие да го сторите тоа, однесете го автомобилот до најблиското место за миење автомобили и блеснете заедно со вашиот автомобил.

Средете си го орманот! – Можеби старите парчиња се враќаат во мода, но сигурно не ви е потребна стара гардероба во големи количини. Фрлањето на старата гардероба прави простор за нова. Облекувањето нови парчиња, прави да се чувствувате убаво, исполнето и среќно.
Згответе нешто! – Дури и ако сте сами, подготвувањето на вкусно јадење ќе ве расположи и ќе ви го подигне духот. А ако храната ја поделите со некој/а што го/ја сакате на вашата среќа и располпжение ќе им нема крај, а јадењето ќе ви биде уште повкусно.

Погледнете околу себе. – Не заборавајте, сте започнале од нула, а сега сè што гледате е создадено токму од вас. На сите може да ни се случи да го изгубиме чувството на самопочит и самодоверба, особено ако сè тргне наопаку во животот. Вистината е, ако еднаш сте започале од нула – можете повторно.
 Измијте ги рацете, лицето и забите. – Покрај тоа што ќе бидете чисти, ќе ве освежи и релаксира, ќе ви даде и чувство на &nbs

Пронајдете не на следниве мрежи: