„9-та Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“

Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизикаОвогодинешниот тим за „9тата Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“, којашто ќе се оддржи во Централна Јава, Индонезија, во периодот од 26.07.2015 до 05.08.2015, беше избран согласно резултатите од натпреварот по астрономија кој се одржа во рамки на „17тата Зимска Астрономска Школа“, оддржана во периодот 27-28.03.2015 год. од страна на „Македонското астрономско друштво“. Така како тим бевме избрани ние, како и двајца лидери на тимот:
1. Филип Симески (лидер)
2. Станиша Вељковиќ (лидер)
3. Ангела Митровска (натпреварувач)
4. Андреј Симески (натпреварувач)
5. Дејан Максимовски (натпреварувач)
6. Оливер Васевски (натпреварувач)
7. Роберт Јованов (натпреварувач)
Откако дознавме дека сме членови на овогодинешниот тим ние набргу се зафатвме со барање исплатливи авионски билети, како и спонзорства со кои би можеле финансиски да ги обезбедиме истите. Спонзорство имаат добиено двајца натпреварувачи, но поради постепеното поскапување на авио-билетите, сега сме во ситуација кога мораме да го испратиме ова барање до jавноста од името на сите.

Потребните средства за нашето учество вклучуваат седум авионски билети со цена од 1450 евра, а со вклучување на претходно добиените спонзорства, за целиот тим вкупната сума изнесува 8600 евра. За учество на македонскиот тим потребно е учество на најмалку еден од избраните лидери.
Затоа го упатуваме ова барање до јавноста, со надеж дека преку  медиумите ќе добиеме можност ова наше барање да стигне до повеќе граѓани и институции кои би сакале да помогнат, а со тоа да го овозможат и нашето учество на оваа престижна олимпијада, на која Македонија веќе трета година учествува, покажувајќи солидни резултати на истата. Можноста да се испрати тим на олимпијадата ќе е успех за нас, но и голема шанса да се промовира нашата земја. Сметаме дека недостатокот на финансии не би требало да застане на патот на успехот и затоа се надеваме дека некој ќе ни ја овозможи шансата да сме дел од овај реномиран натпревар.Овогодинешниот тим за „9тата Меѓународна олимпијада по астрономија и астрофизика“, којашто ќе се оддржи во Централна Ја

Пронајдете не на следниве мрежи: