Канибализам во Русија – го изеле пријателот за да преживеат

Loading...

Двајца рибари коишто се изгубиле на Сибир, се осомничени за убиство на трет рибар, како и за канибализам, пренесува Дејли мејл. 

Четвртиот рибар се уште е исчезнат, па надлежните сметаат дека и тој бил убиен.

Александер Абдулаев (37) и Алексеј Градуленко (35) биле спасени од еден хеликоптер три месеци откако заминале на риболов, а преживеале температури од -30 степени Целзиусови.

Полицијата го пронашла телото на третиот рибар којшто бил со нив, а остатоците биле толку искасапени што не можеле да се идентификуват.

Според Сиберијан тајмс, до остатоците пронашле крвав дрвен колец до јакната на починатиот рибар, која исто така била облеана во крв.

-Веруваме дека го убиле и го јаделе за да преживеат, иако тие го одрекуваат тоа. Кога ги прегледувавме остатоците, се гледаше дека месото и коските на човекот биле сечени, велат од полицијата.

Двајцата преживеани рибари ги одрекуваат обвиненијата. Велат дека го оставиле починатиот во некоја напуштена рибарска куќичка и заминале да бараат помош.

Од полицијата велат дека се уште нема поднесено официјално обвинение против рибарите додека не се истражат сите докази.

 

 

 

 

 

 

 

 

Преземено од kurir.mk

 

loading...