Ослабна 82 килограми и ја повтори свадбата

Англичанката Ребека Добсон ги мразела своите фотографии од венчавката каде имала 158 килограми.

Откако во 1999-та година го родила синот таа престанала да се дебели, но не можела ниту да ослаби. Кога се породила по втор пат во 2004-тата година таа имала 133 килограми. Таа година се венчала со својот избраник Андре.
-Обожавам да готвам и секогаш ги полнев чиниите до врв. Но, додека Андре остануваше слаб јас се дебелев како балон. Јас ги завршував домашните работи и остатокот од денот го поминував јадејќи. Чипсот беше мојата најголема слабост затоа што јадев неколку големи пакувања секој ден – рекла Ребека.

Таа и сопругот одлучиле во 2010-тата година да ги обноват брачните завети. Ребека го пронашла фустанот од соништата, меѓутоа не успеала да ја најде големината што нејзе би и’ одговарала. Затоа што лекарите и’ рекле дека таа би можела да почине пред 40-тата година од животот, таа се одлучила да оди на операција на желудникот. Како резултат на операцијата, таа ослабела до 114 килограми, а две години подоцна успеала да ослабе до 88 килограми. Двојката ја повторила венчавката во јуни годинава.
-Беше совршено и посебно. Сега не пијам алкохол, не јадам чипс и ретко кога можам да изедам цел оброк. Имам многу повеќе енергија и посреќна сум. Сега можам да одам во парк заедно со ќерка ми или на часови по танц. Таа обожава силно да ме прегрне, затоа што порано не можеше да ме опфати со своите рачиња. И тоа сето се случи благодарение на фустанот што го сакав – рекла Ребека која во моментов има 76 килограми.

Преземено од kurir.mk
 

Пронајдете не на следниве мрежи: