Во Дортмунд му симнуваат капа на Балотели

Мат Хумелс и Роман Вајденфелер со големи пофалби зборуваа за Марио Балотели по мечот меѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Сити во рамките од Лигата на Шампионите.

Англискиот шампион со пораз ја заврши сезоната во Лигата на Шампионите, но во редовите на германскиот шампион со големи пофалби упатени кон еден од најконтроверзните играчи во светот, Марио Балотели.

Мат Хумелс кој водеше голема битка со напаѓачот на Сити во полуфиналето од ЕП во Полска и Украина, кога Италија ја совлада Германија со 2-0, истакна дека Балотели му е драг и дека сите приказни кои го пратат се со големо додавање на измислици.

„Балотели го доживувам како да ми е брат или близок пријател. После секој дуел разменуваме дресови. Премногу го ценам како играч. Двата гола кои ги даде за Италија против Германија во полуфиналето се говори“ изјави Хумелс.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: