Менез: Можеме да ја освоиме Лигата на Шампионите

Крилниот играч на екипата на Париз Сент Жермен, Жереми Менез, изјави дека неговиот тим би можел да дојде до титула во Лигата на Шампионите.

Победата против Порто со резултат 2-1 на „Паркот на Принцовите“ во последното коло им донесе на тимот на ПСЖ пласман во нокаут-фазата од Лигата на Шампионите како први во својата група.

Жереми Менез, фудбалерот на ПСЖ, истакна дека првата цел е остварена, но никој во екипата со тоа не се задоволува.

„Секогаш сакате да одите што е можно подалеку во вакво натпреварување. Ќе видиме што ќе се случува и понатаму, сега во очекување сме на жребот. Кој и да ни биде противник, нема да го гледаме потценувачки“ изјави Менез.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: