Снајдер ја прекрши забраната

Весли Снајдер се „закачи“ на Твитер и откри дека не е во комбинација ниту за дуелот со Нефчи.

Иако се очекуваше дека како гестот за добра воља од страна на Снајдер овој фудбалер ќе се најде во тимот за дуелот со Нефчи во рамките од Лига Европа, сепак тоа нема да се случи.

„Според информациите кои ги имам не сум во комбинација“ напиша на Твитер холанѓанецот Весли Снајдер и со тоа ја прекрши клубската забрана за објави на Твитер.

Страмачони дури утре ќе соопшти на кои играчи ќе смета за дуелот со Нефчи и останува да видиме колку се точни информациите кои ги пренесе Снајдер на својот Твитер профил.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: