четврток, 12 ноември 2026
Најново

Венгер „АКТИВЕН“, ќе испрати понуда за ангажман на Есиен!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што пренесуваат англиските медиуми, Арсенал во јануарскиот преоден трансфер-период ќе испрати официјална понуда за фудбалерот кој моментално е на позајмица во Реал Мадрид.

Да потсетиме, Арсенал и во текот на летниот трансфер период се обидоа да го ангажираат фудбалерот од Гана, но Челзи во тој момент не беше расположен да го пушти својот фудбалер во ривалскиот клуб.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Наместо да го продаде на Арсенал, Есиен беше испратен во Реал Мадрид со клаузула во договорот која овозможува прекин на позајмицата во случај на откуп на договорот.

Есиен не успеа да се вклопи во Реал Мадрид, па се шпекулира дека за брзо време Есиен повторно ќе се врати во англиската премиер лига, но овој пат во редовите на Арсенал.

Арсен Венгер во Есиен гледа како идеално засилување за тимот, но и звучно име кој би можел да ја врати довербата кај фановите на Арсенал.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Поврзани вести