Џенифер Анистон е бремена

Loading...

 

Очигледно светот го зафати некој тренд на бебиња. По принцезата Кејт, во јавноста излегоа информации за бременоста на Џесика Бил, а сега и за Џенифер Анистон.

Актерката ја чува својата бременост во најстрога тајност, и се уште и нема кажано и на сопствената мајка. Имајќи го во предвид нивното бурно минато, ова и звучи како логичен чекор.

Таа ја соопштила среќната вест само на својот свршеник Џастин и уште неколку блиски пријателки. Едно од нив е и изворот на таблоидот Showbizspy.

Пријателката вели дека Џенифер е конечно вистински среќна бидејќи и се наредиле сите коцки во мозаикот. Останува да ја проследиме нејзината свадба која ќе се случи или на Хаваите или во Мексико и да го дочекаме нејзиното прво дете.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...