Виланова: Истата повреда на Меси можеше да се случи и на тренинг

По повредата на Лионел Меси во мечот против Бенфика многумина го поставуваат прашањето дали тренерот на каталонскиот тим Тито Виланова воопшто требаше да го става во игра Аргентинецот.

За натпреварот против Бенфика, кој во резултатска смисла немаше никаква важност за Барселона, Виланова одлучи да одмара многу играчи од првиот тим, па така не играа Чави, Иниеста, Маскерано, Фабрегас, Педро, Џорди Алба…
Но, Меси го започна мечот на клупата за резерви, а Виланова го уфрли во игра во 58 минута. Пет минути пред крајот Меси го повреди коленото и беше изнесен на носила, но за среќа, дополнителните прегледи покажаа дека станува збор за полесна повреда.
„Повторно тоа би го направил. Да, би го ставил Меси во игра. Не, тоа не е направено заради ловот на рекордот на Милер. За тоа сите зборуваат, но верувајте Меси тоа воопшто не го споменува“, рече Виланова.
Тој додаде дека тие 30 минути за Меси биле тренинг, одржување на физичката кондиција.
„Иста работа можеше да се случи на тренинг, но ете, се случи на натпревар“, вели Виланова.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: