Грант: На Рафа му е потребна поддршка!

Поранешниот тренер на Челзи го повикува својот поранешен клуб, играчите и навивачите да го поддржат Рафа Бенитез на клупата на Челзи.

По три меча без победа, Рафа Бенитез конечно забележа и еден триумф.

Победата во Лигата на Шампионите остана во сенка со елиминацијата од елитното европско натпреварување, Челзи уште во групната фаза се прости од својата европска круна.

Притисокот полека се засилува, се погласни се критичарите кои тврдат дека Роман Абрамович направил голема грешка со тоа што го довел Рафа Бенитез.

Сепак, еден од оние кој го поддржа Бенитез е токму поранешниот тренер на Челзи, Аврам Грант, човек кој изгради одличен однос со Рафа во текот на своето време на клупата на Челзи.

„Најважна работа за Челзи е да тренерот добие поддршка од сите во клубот. Единствено така може да се остварат резултати“ изјави Грант.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: