Меси добро помина

Исходот од натпреварот против Бенфика падна во втор план откако најдобриот играч на Барселона, аргентинецот Лионел Меси се повреди.

Тренерот на Барселона инсистира да внесувањето на Лионел Меси во игра немаше никаква поврзаност со обидот да се собори рекордот на Милер, нагласува дека во јавноста се создава погрешна слика за тоа.

„Рекордот на Милер? Сите говорат и мислат околу тоа освен Меси. Ако тоа ни беше главната цел, Меси би бил во стартната постава, би играл од почеток“ изјави Тито Виланова.

Тренерот на Барселона истакна дека Меси добил шанса во последните 30 минути од мечот за аргентинецот да остане во натпреварувачка форма.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: