Киелини: Повторно покажавме дека сме одличен тим

Џорџо Киелини по победата од 1-0 над Шахтјор верува дека неговата екипа може да се надигрува со било кој тим во Лигата на Шампионите.

Јувентус по победата во Донјецк го освои првото место во групата, дефанзивецот Џорџо Киелини верува дека неговата екипа има доволно квалитет и способности во себе да се надигрува со најголемите клубови во Лигата на Шампионите.

„Повторно покажавме и докажавме дека сме одличен тим кој може да се надигрува со сите тимови од Европа. Верувам дека Шахтјор е еден од клубовите кој може да стигне до самата завршница во Лигата на Шампионите. Дадовме 100% и заслужено триумфиравме“ изјави Киелини.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: