Исфрлена трката во САД од календарот на Ф1

Управниот одбор на Формула 1 (ФИА) објави промена во календарот за новата сезона во светското првенство во 2013-тата година.

Иако на првиот календар се најде трката во САД (Њу Џерси), таа беше исфрлена во изменетата варијанта.

Со оглед на тоа дека трката за големата награда на Германија е сменета во поглед на датумот, се отвори простор за додатна трка, меѓутоа домаќинот сеуште не е познат. Најголеми шанси и се даваат на Турција.

Календар за Формула 1 во наредната сезона…

17/03 Австралија
24/03 Малезија
14/04 Кина
21/04 Бахреин
12/05 Шпанија
26/05 Монако
09/06 Канада
30/06 Велика Британија
07/07 Германија
21/07 (датум резервиран за европска трка)
28/07 Унгарија
25/08 Белгија
08/09 Италија
22/09 Сингапур
06/10 Кореја
13/10 Јапонија
27/10 Индија
03/11 Абу Дабу
17/11 САД (Аустин)
24/11 Бразил

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: