Списокот на Нејмар за фудбалерите кои сака да ги види во Сантош

Се чини дека Бразилецот направи список на фудбалери кои планира да ги повика во Сантош до крајот на годината бидејќи по Робињо повик упати и до Рикелме.

Талентираниот фудбалер на Сантош, Нејмар, изгледа дека има список на фудбалери кои сака да ги види во дресот на Сантош.

Пред само неколку денови Нејмар го убедуваше Робињо да се врати во Сантош а сега на ред дојде и Хуан Роман Рикелме.

„Би било прекрасно да се игра со него. Рикелме е одличен фудбалер и вистински плејмејкер. Тој е тип на играч со кој секој напаѓач би сакал да соработува“ изјави Нејмар.

Рикелме со изјава дека разговарал со челниците на Сантош.

„Разговарав со челниците на Сантош, но се остана на тоа. Мораме да сочекаме и да видиме дали ќе има конкретна понуда“ изјави Рикелме.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: