Северина откри зошто се раздели од Милан

Loading...

 

После целата бура во нејзиниот приватен живот последниве неколку месеци, Северина конечно реши да проговори за се што се случуваше изминатиот период. Во интервју за Slobodna Dalmacija, таа откри многу работи, негираше доста гласини и потврди некои сомневања.

Во интервјуто најмногу зборуваше за својот син Александар. Изјави дека е многу среќна што се бави со таква професија со која може да му посвети доволно време и внимание на своето дете. Откри дека Александар ќе го носи со себе на турнејата што ќе ја почне во март наредната година. Ова не е изненадување од страна на Севе, бидејќи таа го постојано го носи својот син каде и да замине. Деновиве додека беше во Белград, го однесе и својот син за да го види Милан, првпат после 3 месеци.

Северина проговори и за раскинувањето со Милан. Од старт негираше дека се работи за некоја трета личност. Таа нагласи дека љубовта меѓу неа и Милан била многу силна, но не доволна за да ги премине сите проблеми и разлики помеѓу нив двајцата. Но двајцата се пресреќни што го имаат Александар како плод на таа љубов. Севе сподели со јавноста и дека оставањето на Милан со бебе на градите била можеби и најтешката одлука што ја направила во животот, но била правилна.

Северина заедно со Александар повторно ќе го посети Белград, таа има новогодишен настап во клубот “Магацин” српската пресолнина.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

loading...