(Видео) Кристиано Роналдо за малку ќе се посрамотеше на приемот кај кралицата

Гума за џвакање на приемот кај кралицата може да се нарече кршење на основните правила за однесување, а тоа му успеа на Кристиано Роналдо во кралската палата Ел Пардо. Неверојатниот гаф на Португалецот денес полека го гледа целиот свет и неверојатно е како тоа Роналдо може да го смета за нормално. Роналдо ја прими наградата за најдобриот спортист од областа на Пиринејскиот Полуостров и Јужна Америка. Таа награда се доделува во склоп со шпанските национални награди за најдобри спортисти, а признанието го дава самата Кралица Софија. 

Португалецот за малку ќе се посрамотеше бидејќи пристигна со гума за џвакање во устата, но сепак пред да ја прими наградата се освести. Успеале да го спречат од посрамотување, и ако не било воопшто едноставно. 

На првото предупредување само се насмеал, а кога го предупредиле втор пат се откажал. Го жртвувал оделото, па гумата за џвакање ја ставил во џебот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: