92-годишна скопјанка прегазена на „Багдадска“

92-годишна жена пешак била прегазена од возило на скопска улица.

– На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од село Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, инфорираа денеска од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: