Научниците пронајдоа замена за нафтата!

Научниците од универзитетот Принстон објавија дека во иднина САД би можеле да ја елиминираат потребата за нафта ако успее замената со синтетичка комбинација од јаглен, природен плин и био-горива. 

Со оглед на тоа што растенијата апсорбираат јаглерод диоксид, САД во наредните децении би можеле да ја намалат својата емисија на штетни гасови за околу 50%. Но, тоа не е се, новото гориво би можело да се користи и во класичните мотори, но не би морало да се меша како останатите биогорива, чиј етанол се меша со бензин. 

Кристодулос Флоудас, професор по хемиски и биолошки инженеринг, заедно со својот тим веќе неколку години анализира различни можности со кои САД би можеле своите возила да ги префрли на погон на синтетички горива, наместо нафтените деривати. Тоа гориво би имало многу економски предности. 

“Целта е истовремено да се произведе доволно гориво и да се намалат емисиите на јаглерод диоксид и други штетни гасови за 50%. Прашањето не е само дали тоа може да се направи, туку дали постои можност тоа да се постигне на економски исплатлив начин. а одговорот во овој случај е потврден.” – вели професорот Флоудас. 

Во производството би се користел Ficher-Troschov-иот процес. Имено, јаглеродот и водородот од растернијата се врзуваат во сложени соединенија слични на бензинот и дизелот, додека растителните материјали се загреваат на температура меѓу 1.000 и 1.300 степени, при што се претвораат во плин. Потоа, се користи споменатиот процес за плинот да се претвори во ланци од јаглероводород, кои понатаму се процесираат со помош на катализатори како Никел или Железо, а конечните производи се горива, восоци и лубриканти кои инаку се добиваат од нафта. 

Меѓутоа, оваа цел не е можно да се оствари брзо, затоа што во реалниот пристап во кој планот би се спроведувал постапно, на САД би им требале 30 до 40 години за комплетен премин на синтетичко гориво. Исто така, тоа ќе биде многу скап проект, проценките се дека ќе чини околу 1.100 милијарди долари. 

Пронајдете не на следниве мрежи: