“Џузепе Меаца” ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Шампионите во 2016 година!

Најновите информации велат дека финалето на Лигата на Шампионите во 2016 година ќе биде одиграно на стадионот Џузепе Меаца во Милано.

Италијанските медиуми се убедени дека е постигнат договор со UEFA, иако официјалната објава ќе пристигне дури во март. 

Ова ќе биде четврти пат предавањето на пехарот да се одржи на Меаца (или Сан Сиро). 

Прв пат се одигра таму кога Интер ја порази Бенфика со 1-0 во 1965 година, потоа во 1971, кога Фејеноорд го порази Селтик со 2-1 и во 2001 година, кога Баерн и Валенсија одиграа 1-1, по што Баерн победи на пенали. 

Финалето во 2015 година ќе се одигра во Берлин. 

Пронајдете не на следниве мрежи: