Морбидно: сликал со пепелта од жртвите на Холокаустот

Loading...

Карл Михаел фон Хаусволф изјавил дека со пепелта која ја украл во 1989 од логорот Мајданек во Полска, која ја помешал со вода црта уметнички слики. Управата на музејот, изграден на местото на логорот на смрта, ова дело го нарече ''страшен варварски чин''.

 

Во Шведска е изложена фотографија за која нејзиниот автор, познатиот шведски уметник Карл кажува дека е изработена од пепелта од жртвите на нацистичките концентрациони логори. 

 

Хаусхолф изјавил дека пепелта која ја украл во 1989 е од местото на ужасот, собрана од 80,000 Евреи.

Тој објаснил дека пепелта помешана со вода ја користи да слика цела серија на уметнички слики. Управата на музејот соопшти дека таквата слика заслужува само осуда и ништо повеќе. Тие самата слика ја сметаат за уметничка провокација. Музејот се надева дека властите ќе установат дали пепелта е навистина украдена од логорот, истакнувајќи дека уметникот не можел на друг начин да ја добие пепелта по легален пат.

 

Во текстот објавен на сајтот на галеријата Лунд во која сликата е изложена, Хаусхолф изјавил дека пепелта е од крематориумот на логорот.

Уметникот објаснува дека на овој начин неговите дела имаат енергија и спомен на луѓето кои биле мачени и убивани од други луѓе во најсуровата војна досега видена.

 

Саломон Шулман, еден од водечките претставници на шведската еврејска заедница, во неговата изјава истакна дека не станува збор за уметност, самата идеја е крајно одвратна… 

loading...