Домаќин на Еуро 2020 ќе биде – Европа!

UEFA ќе го организира Европското Првенство во 2020 година во градови низ цела Европа. 

Одлуката беше објавена по состанокот на извршниот комитет на UEFA во Лозана.

Генералниот секретар на UEFA, Џани Инфантино, изјави на прес конференција по состанокот: “Донесени се некои важни одлуки. Eвропското Првенство во 2020 година ќе се одржи во големи градови низ цела Европа. 'Европско Првенство за Европа' е идеја која прв ја изнесе Мишел Платини. Реакциите од сите национални фудбалски организации се многу позитивни.”

Формата и бројот на домаќини на турнирот, кој ќе вклучува 24 репрезентации, ќе бидат одредени од комитетот на национални тимови на UEFA на аукцијата која ќе започне во март. 

Конечната најава се очекува на пролет во 2014 година, а како можен дом за финалето на ова натпреварување веќе се споменува Вембли во Лондон. 

Главниот човек на Фудбалската Асоцијација на Англија, Дејвид Бернстајн вели: “Очигледно Вембли ужива висока репутација кај UEFA, па се разбира дека и ние ќе се обидеме да го искористиме тоа. UEFA сака да ги одржи полуфиналињата и финалето на ист стадион, или барем во истиот град, и мислиме дека ќе бидеме во добра позиција со оглед на овие околности – но бидете сигурни дека ќе имаме силна конкуренција. Јавноста го сака ова, и се разбира дека и ние мислиме дека тоа би било одлично.”

Велс и Шкотска исто така исто така потврдиле дека ќе влезат во конкуренција за домаќини на натпревари – меѓу кои и финалето, кое би сакале да се одржи во Глазгов.

Пронајдете не на следниве мрежи: