Дарен Бент на позајмица во Ливерпул

Дарен Бент е спремен да го напушти тимот на Астон Вила но тој клуб бара премногу за откуп на неговиот договор.

Ливерпул е главен кандидат за услугите на напаѓачот на Астон Вила, но се чини дека Ливерпул е спремен да понуди позајмица, бидејќи немаат доволно средства за остварување на овој трансфер.

Брендон Роџерс, тренерот на екипата на Ливерпул, не ја крие желбата да во текот на зимскиот преоден трансфер период да го доведе искусниот напаѓач и се чини дека Дарен Бент би бил вистинскиот потег за нападот на екипата на Ливерпул.

Сепак, проблем е тоа што Астон Вила бара дури 18 милиони фунти, што е премногу за играч кој не е во форма а има 28 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: