Викенд хороскоп

Овен

Саботата не ви е наколнета, но мислам дека некако ќе ја пробуткате, бидејќи ќе успеете да ги исконтролирате својот ексцентричен став, тврдоглавост, бидејќи ќе имете многу реакции од околината, па ниту вие не сте до толку слепи да не забележите додека некои работи не можат да бидат само за вас. Неделата сепак ќе бидете малку повеќе “слепи“, а тоа води кон директна конфрондација, најчесто со партнерката на 35-40 годишна возраст што претставува дека сте вие машки род, нели. Женските од знаков се попустливи и затоа расположението веднаш ќе се воспостави.

Бик

Викендов можеби ќе има доста вознемиреност поради некакви обврски кон некого на здравствен план, во секој случај женска личност најизгледно, но можностите се и поради некакви конспиративни муабети кои исто така можат да ги активираат вашите фрустрации, инхибиции и вознемиреност, па како такви и да не можете да ги смирите што претпоставува доста напнатост, нервозно однесување, што нема баш пријатно да делува на вашата околина, посебно не на партнерските односи и партнерот, на кого и се однесуваат во доверба направените муабети.

Близнаци

Иако расположението може да ви варира во викендов, суштински нема да ви биде лошо бидејќи од страна на партнерот го имате сето неопходно внимание, а и преку тоа внимание, кое може да ви го подобрува расположението и самиот однос да ве смирува. Значи, насоката на вашето емотивно внимание кон партнер, партнерски односи и некакви случувања во јавноста, нормално забава, посети, всушност и немате така лош викенд иако може да манифестирате тврдоглавост, непотребно инаетење, настојчивост.

Рак

Доста проблематичен викенд, бидејќи целата негативна енергија доаѓа поради не-какви случувања на јавен план, секако од средина која ја претпоставува вашата јавност, но најчесто и од партнерот, посебно ако е машки род, што претпоставува дека ќе имате доста нервози и напнатост поради него, посебно ако односот не е од најдобрите во последно време. И здравствената состојба на машка личност може да делува вознемирувачки на вас, посебно можни проблеми со нозете, колкови, бутини, врат.

Лав

Може да имате одличен викенд ако одолеете на настојчивоста и тврдог-лавоста на најмладите од вашето опкружување, претпоставувам ваши деца, што пак не ви дава апсолутно никакво право да им се лутите бидејќи само манифестираат она какви сте и вие иако тоа го правите нешто посуптилно и подзатскриено. Освен тоа и генетиката си има удел. Во секој случај убаво расположение, доста радосни моменти и случувања, смеење, што денес е ретко да се чуе.

Девица

Најголеми проблеми викендот мо-жат да испаднат поради децата или нешто во врска со нив. Малку повеќе калкулирате со времето за себе и за нив, па оттаму и ваша нервоза кога ве бараат уште, што би требало да ве радува, а не да ве нервира. Но, ако ова го разберете, тогаш се сте разбрале па нема ниту викендов да ви биде како што го опишувам, туку многу, многу поубав, повесел и позначаен. Сепак, сметам дека не можете без калкулација, растргнати сте на многу страни, а енергијата не ви е баш на стопостотно ниво, па и располо-жението викендов ќе биде доста променливо.

Вага

Саботата ќе ви започне можеби со нешто зголемена нервоза, која ќе се појави ненадејно и ненадејно ќе ја снема, кога ќе разберете дека сами си ја создавате, поради исклучивост, претеру-вање и тврдоглавост, односно такво инсистирање нештата да бидат по ваше. Сето може да ве држи до кај 10 часот, а потоа да го смените расположението поради некаква важна личност, настан, нешто што сметате дека е значајно и секако важно за вас. Внимавајте и неделата оди по истиот редослед на расположение.

Скорпија

Со оглед на тоа какви ви се аспектите, претежно облачно како расположение, во саботата некакво инсистирање на нешто да е по ваше, па кога нема да ви се исполни, можности за изблици на емоции, нервоза, комплекси. Можеби некако и да консолидирате, но неделата пак имате раздразливост, напнатост и тоа доста рано, можеби и поради лошо проспиена ноќ или лоша комуникација со некој од поблиските, голема веројатност со машка личност на 35-42-годишна возраст.

Стрелец

Саботата доста интензивна за вашиот знак, но добра, посебно во поплад-невниот дел од 14 часот натаму, кога може да ви се случат убави нешта, на партнерски, но и на јавен план или пак на јавно место, некаков разговор што ќе ве “дигне”, така да речам. Неделата исто така добро проектирана, ќе ве држи тоа од саботата, па ќе се разбудите со чувство на веселост и радост, енергија во огромни количества, па со неа ќе делувате мотивирачки на својата околина.

Јарец

Марс и Плутон се во вашето поле, а токму тие во сабота и недела имаат лоши аспекти што значи дека прогнозава не можам да ви ја интонирам оптимистички иако би сакал. Всушност, можете сосема да ги избегнете влијанијата на овие аспекти и сите други, но ако успеете да останете мирни, да не им подлегнете на искушенијата на егото, инаетот и секако на вознемиреноста од своите комплекси и инхибиции, кои можат да пламнат, посебно во неделата.

Водолија

Вниманието насочено кон парите и трошоците, мислите дека некој, најчесто субординиран и зависен од вас, малку отповеќе троши на ексцентрични за вас нешта, сосем непотребни и инсистира тврдоглаво на своето, можеби од ексцентричност или самобендисаност, саботата так-во ќе ви биде расположението, а постојат и многу други варијанти како да се изнервирате. Убавата вест е дека предизвикот ќе трае кусо, но вознеми-реноста и возбуденоста предизвикана од неа ќе биде нешто подолга.

Риби

Да знаете дека сосем ненадејно из-легува дека и немате аспекти на лош викенд, напротив, може да започнете во едно расположение, лошо, нервозно, емотивно несредено и во текот на денот да ви се подобрува и разубавува. Ова се од-несува и на саботата и на неделата. Во саботата причините можат да бидат од финансиска природа и можеби недостиг на средства, што не е ништо чудно деновиве во нашиве животи, а неделата поради некакво социјално дружење и пријател со некакви негови инсистирања, настојувања, муабети кои кај вас може да предизвикаат не баш позитивни чувства.

Пронајдете не на следниве мрежи: