Саша Ковачевиќ на Евровизија за Србија

Loading...

Соочени со сериозните финансиски потешкотии, многу европски држави оваа година се откажуваат од учествувањето на изборот за песна на Евровизија.Бројот на учесници на престојниот Евросонг во Шведска секјдневно се намалува, па така после Португалија и Полска, се откажаа и Грција и Словачка. Се очекува дека ќе се откажат и Словенија и Црна Гора. Меѓутоа, бидејќи во Србија нема криза, манифестацијата на ''Беосонг'', на која ќе биде избран претставникот на Евросонг ќе се одржи во март.

Според српската јавност, најдобриот избор според нив би бил пејачот Саша Ковачевиќ. Тој би можел да и донесе втора победа на Србија на оваа музичка манифестација. Младиот Саша неодамна изјави дека би му претставувало чест да ја претставува Србија на Евросонг, а според коментарите на јавноста, веројатно тој и ќе замине за Малме.

Во моабетите на јавноста, две дами се исто така во конкуренција, а тоа е Наташа Беквалац и Александра Радовиќ. Дури 10 % доби и Цеца, за која сметаат дека со добра балада, може многу добро да се покаже на овој фестивал ж. 

Интересно е да се спомене дека Желјко Јоксимовиќ кој два пати ја претставуваше Србија на Евровизија ( и тоа релативно успешно, влезе во првите 3 места), оваа година доби само 2% подршка. 

Сега останува да почекаме и да видиме дали Саша Ковачевиќ ќе ја исполни желбата на јавноста и ќе се пријави на Беосонг и ќе го направи првиот чекор кон заминувањето во Шведска.

loading...