Избрани пет кандидати за фудбалер на годината во Англија

Англискиот фудбалски сојуз ги објави имињата на кандидатите за наградата за најдобар фудбалер на годината, сите тие беа дел од експедицијата во Полска и Украина.

Ешли Кол, Стивен Џерард, Џо Харт, Глен Џонсон и Дени Велбек ќе се борат за признанието најдобар англиски фудбалер за 2012-тата година.

Кандидатите ги потврди англискиот фудбалски сојуз, а имињата се одбрани според навивачките гласови и мислење на поединечни стручњаци.

Минатата година оваа награда ја освои Скот Паркер, пред него Харт и Ешли Јанг.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: